(ФОТО) Пристигнува новата „скорпија“ – Abarth 595 Scorpionero

Спортскиот оддел на Фиат Abarth го претставува најновото издание – „abarth 595 scorpionero“.Станува збор за единствена црно-златна „скорпија“ со силно срце.

„Abarth 595 Scorpionero“ припаѓа на серија од 2.000 примероци, и претставува омаж на моделот „A112 Abarth Gold Ring“, попознат како „targa oro“. Ексклузивниот модел беше произведен во 1979. година во само 150. примероци, а се карактеризираше со црна основа со златни детали, престижен ентериер и богата стандардна опрема.

Новото издание комбинира „lajfstajl“ и импресивни перформанси, а е наменет за оние кои сакаат удобност при секојдневна употреба, рафинирани детали, но и добро забрзување.


Под хаубата се наоѓа 1.4-литарски Т-џет турбо-бензински мотор со 165 КС, што овозможува забрзување до 100 км на час за 7,3 секунди. Може да се спои со рачен или роботизиран менувач кој доаѓа со рачки на за промена на брзините зад воланот.


Однадвор, новата „скорпија“ е препознатлива по ексклузивни детали во златна боја, како што е знакот на скорпијата на хаубата, потоа тркала од 17 инчи кои можат да бидат златни или во црна „формула“ боја. Кровот е дизајниран со црн шах шаблон.



Внатре, новиот „abarth“ е опремен со спортски кожни седишта, чии потпирачи за глава го содржат „scorpiooro“ логото со италијанското знаме.


Новите седишта се вклопуваат со црниот ентериер со мат детали и златна плочка во рамките на централната конзола, како и специјални подници.

Инфозабавниот систем е подобрен „UconnectTM“ на екран од 7 инчи. Компатибилен со Apple и Android апарати, тој нуди навигација и дигитално радио. За аудио атмосфера, постои систем „BeatsAudio“ од 480 вати.
Промотивната цена за новата „скорпија“ започнува од 24.200 евра.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Погледнете што има BMW во тајната гаража „М“

НАЈНОВОТО видео не води во музејот на BMW во Минхен. BMW слави половина век од …