ЗВУЧИ НЕВЕРОЈАТНО – Сопственик на фирма во САД на 50. вработени им подарува 233. милиони долари во акции!

Основачот и претседател на американска корпорација, „Никола“,  Тревор Милтон, ќе им даде на своите вработени шест милиони државни акции на компанијата во вредност од 233. милиони долари.
Никола е компанија од Феникс во Аризона која произведува електрични камиони, нејзиниот основач Милтон започнал на нула кога ја отворил компанијата, а сега има милиони што сака да ги сподели со своите работници, пишува „Блумберг“.
Акциите ќе бидат дадени на 50. работници кои први дошле во неговата компанија затоа што, како што рекол, така и ветил уште на самиот почеток и основањето на компанијата. Тој на Твитер објавил пост во кој вели дека барал врвни и најдобри работници кога само што започнал и дека било огромен ризик.

“Не беше веројатно дека компанијата ќе успее, но имав среќа да најдам феноменален тим и вработени кои се со мене уште од првиот ден. Јас ги сакам моите вработени и тие се клучот за нашиот успех”, рекол Милтон.
Вредноста на акциите на компанијата се зголемиле откако започнаа соработка со „Nasdaq“, што било поттикнато од апетитот на инвеститорите кон производителите на електрични возила.
Триесет и седумгодишниот Милтон е меѓу 500-те најбогати луѓе во светот според индексот на милијардери, на „Блумберг“, а многумина повлекувале паралели помеѓу него и Елон Маск.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) И’ покрај пандемијата тие се среќни: Ова се 5. најсреќните земји во светот

И’ покрај пандемијата која трае повеќе од една година, некои земји можат да се пофалат …