(ФОТО) Сака ајкули и знае пет јазици: Која е новата девојка на Бред Пит?

Големиот заводник Бред Пит е во врска со германската манекенка Мери Никол Потуралски, која, верувале или не, многу личи на неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли. Сепак, сè до љубовната афера што ја запали имагинацијата на американските медиуми, не се знаеше многу за моделот.
Родена е во Германија, има 27. години, а на веб-страницата на агенцијата за која работи, „A Management“, таа е претставена под името Нико Мери. Таа е природна бринета, има сини очи, а висока е 178. сантиметри.
Таа сакала да биде морски биолог и научник, пред да биде забележана од еден од ловците на модели во Дизниленд, Париз, на 13-годишна возраст.
Убавицата живее помеѓу Лос Анџелес и Берлин, а има и син, Емил, кого го обожава. Никол зборува пет јазици, а таа основаше организација за да им помогне на ајкулите.
На прашањето каква суперсила би сакала да има, таа рекла: „Да патувам низ времето, за да можам да ги посетам сите одлични историски настани, вклучително и иднината“.


View this post on Instagram

🐥🐥


A post shared by Nico (@nico.potur) on


Годинава, таа е главно лице на насловните страници на Harper’s Bazaar Germany и септемврискиот број на ELLE Germany.
Бред и манекенката биле „фатени“ во приватен лет со хеликоптер. Вљубената двојка, како што ги нарекуваат американските медиуми, летала од аеродромот во Лос Анџелес кон Мајами, а потоа со приватен авион отишле за Франција, каде Бред Пит има својот приватен замок.

„Тие се гледаат,уживаат во заедничкиот одмор“, изјавил извор за Page Six.
Пит по пристигнувањето главата ја држел наведната и носел шешир и очила за сонце. Двојката подоцна се упатила кон замокот на актерот на југот на Франција. Бред го купи имотот заедно со Ангелина во 2011. година и го плати 67. милиони долари.

View this post on Instagram

Monday back to work

A post shared by Nico (@nico.potur) on

View this post on Instagram

Needed the beach so much #daytrip 🌼

A post shared by Nico (@nico.potur) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи во вашиот организам ако јадете ДВЕ ЛАЖИЧКИ МЕД секој ден? Канадските научници дојдоа до многу интересни податоци

Еве како редовното консумирање мед може да влијае на организмот Канадските научници истражувале и утврдиле …