(ФОТО) КОРОНА ВИРУС И НЕДОВЕРБА: На човек кој верувал дека вирусот е ИЗМАМА сопругата му починала од Ковид – 19

На таксист од Флорида, кој верувал во лажните тврдења дека вирусот корона е измама, од Ковид-19 му починала сопругата.
Брајан Ли Хитхенс и неговата сопруга Ерин ги читале тврдењата на Интернет дека вирусот бил измислен, поврзан со 5G мрежа или сличен на грипот.

Двојката не ги слушала здравствените совети ниту побарал помош, кога се разболеле на почетокот на мај. Брајан се опоравл, но неговата 46-годишна сопруга се разболела и починала овој месец од проблеми со срцето предизвикани од вирусот.
Брајан зборувал за БиБиСи во јули како дел од истражувањето на човековите трошоци за дезинформации за коронавирусот. Во тоа време, неговата сопруга била на респиратор во болницата.
Смртоносни теории на заговор
Ерин, свештеничка од Флорида, претходно имала хронични здравствени проблеми – страдала од астма и од нарушувања на спиењето.
Нејзиниот сопруг објаснил дека и двајцата не ги слушале здравствените совети уште на самиот почеток на пандемијата поради лажните тврдења што ги читале на Интернет.
Брајан продолжил да работи како таксист и да оди по лек за својата сопруга без да се придржува кон правилата за социјално растојание или да носи маска.
Тие, исто така, веднаш не побарале помош кога се разболеле во мај, а на двајцата подоцна им бил дијагностициран Ковид-19.
Брајан за BBC News изјавил дека „би сакал да ги слушал советите од почеток“ и дека се надева дека неговата сопруга ќе му прости.
„Ова е вистински вирус кој различно ги погодува луѓето. Не можам да го сменам минатото. Можам да живеам само во сегашноста и да направам подобри избори за иднината“, објаснил Брајан.
„Таа повеќе не страда, го најде својот мир. Тешко ми е на моменти без неа, но знам дека сега е на подобро место “.
“Ова е реално”.


Брајан рекол дека тој и неговата сопруга не развиле цврсто уверување во врска со Ковид-19. Наместо тоа, тие постојано се предомислувале, од фактот дека вирусот е измама, дека е поврзан со 5G технологија или дека е вистинска, но лесна болест. Тие теории ги прочитале на Фејсбук.
„Мислевме дека владата го искористи ова за да ни го одвлече вниманието од другите работи“, објаснил Брајан, „или дека има нешто со мрежата 5G“.
Но, откако парот се разболел од вирусот во мај, Брајан објавил вирална објава на Фејсбук во која објаснува дека бил заведен од она што го читал на Интернет за вирусот.
„Ако треба да излезете надвор, ве молам бидете мудри и не бидете глупави како што бев јас, за да не ви се случи тоа што ни се случи мене и на мојата сопруга“, напишал тој.


Many people still think that the Coronavirus is a fake crisis which at one time I did too and not that I thought it wasn…


Gepostet von Brian Lee Hitchens am Dienstag, 12. Mai 2020

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека …