(ВИДЕО) Репортер се јавувал во живо додека минувал ураганот Лаура – гледачите преплашени!

Репортерот на NBC News, Џеј Греј известувал во живо на утринското шоу „Добро утро, Британијо“ за ураганот Лаура што дивее во САД, а снимките од неговото јавување ги исплашиле некои гледачи.
Џеј известувал за состојбата во езерото Чарлс, Луизијана и во еден момент ветрот скоро го оддувал. „Сега е малку затишје, но чувствувам дека повторно доаѓа. Може да почувствувате како се засилува“, им зборувал Џеј на водителите во студиото кои исто така со неверување ја гледале ситуацијата во која се наоѓал.


Ветрот наскоро стана толку силен што Џеј го поместил од своето место, а репортерот ја грабнал шапката за да не му одлета од главата. Тогаш преносот бил прекинат бидејќи ураганот се засилил и Џеј веќе не можел да чуе прашања од студиото.
“Мислам дека за ваша безбедност ќе мора да прекинеме. Зборуваш за затишје, не можам ни да замислам како ќе изгледа кога навистина ќе се појави ураганот”, му рекол водителот Шон Флечер на крајот на емитувањето. „Условите изгледаат многу опасни за Џеј. Џеј, одете во некое засолниште, претпоставувам дека можете да одите некое време и да влезете во автомобилот“, додалтој.
Снимките наскоро се раширија на социјалните медиуми и гледачите изразиле загриженост за известувачот, но и гнев за тоа што треба да направи во вакви услови.
“Што по ѓаволите направил овој човек за да го испратите во бура како оваа!? Им кажувате на луѓето колку е опасно, па него го испраќате за да демонстрира! Многу неодговорно”, “Зошто овој човек треба да стои на тоа невреме кога кажувате дека е опасно по живот? “,„Сосема е лудо да ги ставите новинарите во вакви опасни ситуации“,„Многу беспотребно “, лути биле твитерџиите, а наскоро добија одговор и од емисијата.

„Сакаме да потенцираме дека Џеј има многу искуство во известувањето за ураганите и дека се преземени мерки за безбедност. Тој е добро и безбеден е“, одговориле на загрижените гледачи.
Патем, ураганот Лаура порасна од категорија 1 во категорија 4 на скала од 5 за само еден ден. Метеоролозите ја опишаа како „исклучително опасна“. Луизијана и Тексас се на удар. Во текот на изминатите неколку часови ураганот ослабе во категорија 2. Многу згради се оштетени, еден град е целосно поплавен, а стотици илјади луѓе се без електрична енергија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОКАЈУВАЊЕ – Меган и Хари се борат да го запрат емитувањето на документарниот филм: Не сакаат светот да слушне што се кажале

Покајание, „пеглање“ работи, придобивки… Меган Маркл и принцот Хари сакаат да го променат документарецот што …