Први фотографии од морбидната хорор серија на Нетфликс

Нетфликс штотуку објави дека втората сезона од хорор серијалот „The Haunting of Hill House“, насловена „The Haunting of Bly Manor “, ќе пристигне оваа есен.

Иако не го знаеме точниот датум, претпоставуваме дека новите епизоди ќе ги гледаме во октомври, односно пред Ноќта на вештерките.
И, освен што потврдуваат дека епизодите ни доаѓаат, тука се и првите фотографии, кои ја објавуваат атмосферата на серијата – и тоа е прилично морничаво.
Претходно беше објавено дека секоја сезона од серијата ќе следи по една прогонувачка куќа – овој пат имотот на семејството Бли, кој беше објавен на официјалниот Твитер профил на серијата, со кратка порака „Нов дом, ново семејство, нова приказна“.
Интересно е што во втората сезона од серијата, ќе видиме добро познати лица од првите, и покрај фактот дека ќе играат комплетно нови ликови: Викторија Педрети, Оливер Џексон-Коен, Хенри Томас и Кејт Сигел се повторно пред камерите.


Серијата „The Haunting of Hill House“ беше полн погодок, кога беше објавена во 2018. година на Netflix, поради што овој сервис за стриминг реши да ја сними и втората сезона.

Втората сезона од серијата ќе го следи семејството Блу и нивниот имот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ТРАГИЧНА СУДБИНА: По смртта на неговиот син (19), за Родни само тажни вести

АКТЕРОТ Николас Линдхурст (60), познат на телевизиската публика по улогата на Родни во легендарната серија …