Втор Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО – Создавање на градот на иднината  

Втор Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО: Создавање на градот на иднината  се одржува во „Бела куќа“ – Битола и Центар за култура-Битола. На денешната програма од 11 часот во „Бела куќа“ – Битола е предвидено вклучување на високи претставници на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО – Тераса (Шпанија), Бусан (Јужна Кореја), Лоѓ (Полска), Рим (Италија), Сараево (БиХ), и други градови-членки на кластерот филмски градови на УНЕСКО, како и претставници од домашните релевантни институции, невладиниот и бизнис секторот кои работат во креативните индустрии и филм. Форумот го организира Здружението за филмска уметност ЦЕНТАР ЗА ФИЛМ Битола во насока на зголемување на соработката помеѓу градовите во областа на иновациите и едукацијата. Ова е прв форум од ваков вид кај нас и во регионот.

Програма за 26 август

11:00 Официјално отворање и воведни зборови и Кратко претставување на секој филмски град

11:30 Панел дискусија: Градови на иднината –Културата и креативноста како паметни инвестиции за градовите

Учесници:

Жорди Хернандез (Тераса)

Магдалена Поповиќ (Сараево)

Алесандра Пешета (Рим)

Аника Ким (Бусан)

Весна Ристовска (Битола)

Алан Дуган (Голвеј)

Моника Марлицка-Роберт (Лоѓ)

Дејвид Вилсон (Брадфорд)

12:30 Споделување на искуства на градовите за справувањето со ковид-19 кризата

13:00 – 14:30 Запознавање со домашни организации и институции и работни средби

Маја Андоновска – Илијевски (Центар за култура – Битола)

Владимир Ангелов (Кинотека на Северна Македонија)

Елена Бојаџиева-Цветковска (УМПАКИ Скопје)

Весна Ристовска (Центар за филм Битола)

Љупчо Смилев (Министерство за култура)

Гоце Богоевски (SMART-CUL-TOUR, Битола)

Елена Ивчевска (MEDAL BIM, Битола)

Мими Ѓоргоска-Илиевска (Дирекција за заштита на културно наследство)

Петар Котевски (KAMAi Media и МАГДА, Битола)

21:00 Проекција на избор од кратки филмови од филмските градови на УНЕСКО во киното на отворено на Центар за култура – Битола

*Локација: Бела куќа – Битола и Центар за филм – Битола (кино на отворено)

Форумот кој требаше едно место да собере повеќе од 20 учесници од странство во овие услови на глобална криза и борба со опасниот и непредвидлив непријател мораше да се изнајдат нови, алтернативни начини за одржување на предвидените активност. Годинава нема гости од странство, но ќе присуствуваат виртуелно. Обраќањата и дискусиите ќе се одвиваат на два начини, во живо со присуство на домашни гости и преку интернет со  снимање со камери и стриминг во живо. Сите настани се одвиваат со строго почитување на протоколите за организација на јавни настани.

Форумот почна вчера со бесплатна проекција на бугарскиот филм „Слава“ на дуото Грозева-Валчанов. Форумот е од исклучителна важност за градот Битола како рамноправен член на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО од 2015 и еден од 18-те градови кои се дел од овој филмски кластер на УНЕСКО, единствен од Македонија и еден од ретките од регионот. Мрежата е клучен партнер на УНЕСКО. Forumot има за цел да придонесе за ефективен развој и промоција на филмската индустрија преку спроведување на целосна проценка, подобрување на националните капацитети и организирање на промотивни настани во оваа област. Меѓу целите на Форумот е да делува како единствена платформа која членовите можат да ги искористат за да ги унапредат своите партнерства и да донесат за нови идеи и соработка.

Проектот е поддржан во рамки на Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес на Министерството за култура.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонската пијанистка Ана Велиновска ќе свири на Луцерн Фестивал и Звуци на Алпите во Швајцарија

Македонската пијанистка Ана Велиновска ќе свири на фестивалот Звуци на Алпите, во срцето на швајцарските …