(ФОТО) Краставицата е најкорисна салата: Додека „симнува“ целулит и килограми еве што прави за здравјето!

Кога купувате краставици, гледајте да имаат цврст и мазна кора – тиакви се најдобри и можат да подолго да стојат…
Кога доаѓа летото, ретко на кој зеленчук толку се радуваме како на краставиците!
Освен што се освежувачки и вкусни, еве за кои карактеристиките на краставиците уште треба да ги знаете:
– Тие се состојат од 96% вода;
– Ниска калоричност – содржат само 12 калории на 100 г
– Гасат жед, па тие се идеален додаток на пијалоците и смутито;
– Содржат електролити кои се неопходни кога на отворено е топло или се бавиме со спортот, или, поточно, кога се препотуваме.
Како да се изберат најдобрите краставици?
Кога купувате краставици, гледајте да имаат цврста и мазна кора. Многумина ја лупат кората, но може да се јаде. Треба добро да се измие пред јадење. Знајте дека краставиците не сакаат влага или студ. Ако сакате да ги задржите во фрижидерот, тогаш чувајте ги во одделот за зеленчук (таму е малку потопло) или ставете ги на врвот од фрижидерот. Можат да потраат неколку дена. Не ги замрзнувајте, бидејќи тие ќе ги загубат сите својства.
Зошто краставицата е добра за убавина?
1. Сок од краставица ја стимулира циркулацијата на кожата
Поради тоа  делува позитивно на тенот и ја чисти кожата. Исто така, не се без причина насекаде на интернет сите оние слики на жени со краставици на нивните очи. Краставиците помагаат со темни подочници и надуени очи – ги отстрануваат на краток рок.
2. Помага при изгореници од сонце
Ако сте изгореле на сонце, ефектот на ладење кои краставиците и го даваат на вашата кожа ќе биде вистинско олеснување. Тие нежно и природно ќе ја смират кожата и ќе го забрзаат процесот на лекување.
3. Ги затвора проширените пори
Сокот од краставица ги затвора порите и го прави тенот поубав. Исто така, лицето може да се третира со тоник од сок од краставица, малку јаболков оцет и неколку капки лимон.
4. Ги избелува пегите
Ако ви пречат пегите на лицето,изрендајте свежа краставицата и нанесете ја на лицето и деколтето. Со текот на времето, пегичките ќе исчезнат.

5. Го намалува целулитот
Поради докажаниот ефект на кора од портокал, краставица е редовен „гостин” меѓу состојките на домашните препарати за слабеење и отстранување на целулитот.
Покрај тоа, краставицата содржи дневна доза на повеќето витамини и минерали потребни за човечкиот организам како Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, витамин Ц, фолна киселина, калциум, магнезиум, магнезиум, фосфор, цинк, калиум, па освен убавина ќе добиете бенефиции и за здравјето!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Повеќе нема да знаете за несоница: Со оваа воена техника ќе заспиете за 2. минути!

Кога ќе ја совладате оваа техника, ќе можете да дремнете насекаде, а тоа ќе го …