Црниот чај го намалува шеќерот во крвта

Научниците откриле дека полисахаридите во чајот го инхибираат ензимот наречен алфа-глукозидаза, кој го претвора скробот во гликоза. И лековите против дијабетес го блокираат истиот ензим.
Бројни придобивки од чајот се познати одамна, а најновите истражувања го поврзуваат овој напиток со намалување на гликозата во крвта.
Според експертите од кинескиот универзитет Тијанџин, црниот чај содржи поголема количина на полисахарид супстанции од другите чаеви. Познато е дека поласахаридите во чајот го намалуваат нивото на шеќер во крвта. Ова е причината зошто во Кина и Јапонија, дијабетесот се третира со чај направен од свежи билки.
Научниците сега откриле дека полисахаридите во чајот инхибираат ензим наречен алфа-глукозидаза, кој го претвора скробот во гликоза. И лековите против дијабетес го блокираат истиот ензим.
Сè уште не е познато дали едноставно пиењето на овој чај навистина помага во лекувањето на дијабетесот. Потребно е понатамошно истражување за да се открие точно во која форма полисахаридите од црниот чај се најефикасни.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 2. РЕЦЕПТИ ЗА ВИКЕНД КОЛАЧИ: Минимално време во кујната за максимално уживање!

Пред нас е викенд и можноста за подготвување колачи. Ако сакате помалку да бидете во …