ПРЕВЕНЦИЈА – Трчање, одење и возење велосипед спречуваат инфаркт

Научниците заклучиле дека само малку повеќе физичка активност може да го зачува здравјето на срцето за високи 49. проценти кај луѓето кои имаат генетска предиспозиција за срцев удар
Новите истражувања покажале што може да го намали ризикот од срцев удар кај луѓе кои имаат генетска предиспозиција за тоа. И покрај фактот дека многумина веруваат дека малку може да се стори кога станува збор за генетиката, докажано е дека едноставните активности можат да бидат корисни, за што сигурно може да издвоите неколку моменти на ден – и со тоа да ја победите генетиката.
Истражувањето, објавено во списанието на „American Heart Association’s Journal – Circulation“, беше засновано врз анализа на информации собрани од 500.000 луѓе, на возраст меѓу 40. и 69. години, и нивната генетска предиспозиција за период од шест години.
Научниците заклучиле дека само малку повеќе физичка активност може да го зачува здравјето на срцето за високи 49. проценти кај луѓето кои имаат генетска предиспозиција за срцев удар.

Вежби што се добри за срцето:
– Брзо одење: Едно истражување покажало дека брзото одење два и пол часа неделно го намалува ризикот од срцев удар или мозочен удар за дури 30. проценти, иако многу експерти препорачуваат одење до 30. до 60. минути пет пати неделно. Тоа е сè што е потребно за да се обезбеди оптимално здравје на срцето.
– Трчање: Како и при одење, треба да започнете со побавно темпо, на пример, со пет минути истегнување пред да трчате. Студијата на Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд тврди дека редовното трчање не само што му помага на срцето, туку и го забавува процесот на стареење.
– Возење велосипед: Најголемата предност на овој вид вежби е што одржувате забрзано отчукување на срцето подолго време. Експертите препорачуваат најмалку 20. минути возење на велосипед за да од тоа можете да извлечете корист.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Мартовските сончеви зраци бараат и неопходна заштита!

Повеќето од нас изминативе месеци ги поминаа дома од повеќе разумни причини. Меѓутоа зголемените температури, …