(ФОТО) ДРУГ ПАТ ЌЕ ВНИМАВА – Паркирал BMW покрај хидрант и…пожарникарите постапиле според закон!

Случајност или не, но пожарникарите биле спречени да интервенираат од БМВ.
Добро е познато дека во Америка не ви се пишува добро ако паркирате веднаш до хидрант. Ако, покрај тоа, има потреба пожарникарите да го користат, ќе се случи она што обично го гледаме во филмовите – тие ќе ги искршат прозорците и ќе го спроведат цревото низ кабината.
Точно тоа се случило неодамна во Њујорк. Пожарникарите одговориле на повикот минатиот петок и пристигнале на местото на настанот. Пристапот до хидрантот бил спречен од серија 5 BMW од 2005. Проблемот брзо бил решен со кршење на двата странични прозорци и поминување на цревото низ кабината.
Според „Њујорк пост“, сопственикот на БМВ бил разгневен од ваквото однесување на пожарникарите. Тој вели дека автомобилот бил паркиран таму четири дена. И неговото алиби е слабо, да не спомнуваме шупливо. Причината, вели тој, бил испразнета батерија за далечински управувач. „Ми го заебаа автомобилот и ќе ме чинат торба пари. Јас сум под стрес. Тие не требаше да го сторат тоа“, рекол сопственикот на БМВ, кој од очигледни причини сакал да остане анонимен.
Законот тука е јасен и забранува паркирање. Затоа, сопственикот ќе мора да го поправи автомобилот сам, а изречена му е и казна за неправилно паркирање во износ од 180 американски долари.
И пожарникарите одговориле преку Твитер објаснувајќи дека станува збор за вообичаена постапка бидејќи минимално го свиткува цревото, овозможувајќи максимален притисок на водата и на тој начин да тече. Ако одеа преку покривот со цревото, ќе имаа дополнителни проблеми. Тие два часа го гаснеле огино.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Скопје е првиот град на Балканот кој го воведува БРТ системот

Следејќи ги светските трендови и користејќи ефективни решенија од метрополи со слични сообраќајни проблеми, го …