(ФОТО) Камерон Дијаз:„Ботоксот ме уништи, станав зависна!“

Актерката Камерон Дијаз е уште една во низата жени кои се покајале за инјектирање на ботокс во нејзиното лице, што го признала во неодамнешната исповед за американските медиуми.
„Ја уништив кожата со лошата исхрана. Во младоста, честопати доцна навечер го нарачував најголемиот хамбургер и шише газиран пијалок. Поради тоа што бев тенка, можев да јадам сè, но мојата кожа не можеше добро да го поднесе тоа. Таа беше во прилично лоша состојба. Затоа решив да посегнам по ботокс“, рекла таа.

Дијаз исто така открила дека станала зависна од ботокс и дека веќе немала мерка.
„Само два третмани беа доволни за станам зависник. Ме убиваше. Не знам колку пати сум инјектирал, но знам дека тоа беше многу повеќе отколку што требаше да бидам. Ботоксот го смени моето лице на толку чуден начин, што мислев, не, не го сакам тоа, јас повеќе би го гледала лицето како старо отколку лице што не ми припаѓа“, рекла таа и истакнала дека тоа е најголемата грешка во нејзиниот живот.


„Ми недостасува лицето што го имав во дваесеттите години. Ботоксот одредени делови ги направи нефлексибилни, така што некое време не можев да ги помрднувам јагодиците“, рекла очајната Камерон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЖНО И БОЛНО – Во Македонија денеска се регистрирани 1288 нови случаи на Ковид 19: Починаа 39. лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања, а регистрирани …