(ВИДЕО+ФОТО) Слатките девојчиња, „Бонбончиња“, на „Нетфликс“ го згрозиле светот:„Ова е болно“ – Петиција за отстранување на филмот!

Нетфликс се нашол на удар на јавноста во врска со трејлерот за филмот „Cuties”“ („Слатки“) за своето сексуализирано портретирање на девојчиња. Филмот е обележан како несоодветен за оние под 18. години, а главниот лик е стар 11. години.
Наградуваниот филм „Cuties”“ на фестивалот „Санденс“ ја раскажува приказната за 11-годишна муслиманка, Ејми од Сенегал, која влегува во училиште за танцување и учествува во натпревар за тверкување, што ја вознемирува нејзината мајка бидејќи таквиот танц е спротивен на нејзините религиозни верувања.


Како и да е, се чини дека призорот во кој девојчињата тверкуваат ја загрижил многу поширока популација, а постерот и трејлерот веќе предизвикаа остри реакции на социјалните мрежи. Филмот првично беше оценет како „болен, одвратен и апсолутно неприфатлив“.
„Нетфликс го има филмот Cuties за 11-годишници кои тверкуваат во група. Некои тврдат дека филмот е коментар за денешната сексуализација на децата, но ова е постер за филмот. Имајте во предвид дека главната актерка има 11. години, во филмот и во реалноста“, е еден од коментарите на Твитер.


Други укажале на разликата помеѓу плакатот што го рекламирал филмот во Франција и оној што го рекламира во САД.

„Интересно е да ги споредиме. Во француската верзија, децата се забавуваат, додека американската верзија е одвратна. Мислам дека маркетинг тимот на Нетфликс ќе мора да одговара за тоа“, напишал еден корисник на Твитер.
Значи, филм кој всушност се занимава со проблемот и опасноста од сексуализацијата на младите, сам паднал во таа стапица.
Интересно е што на IMDb тверкувањето воопшто не се споменува, само што главната хероина сака да танцува, а нејзината женственост расте.И на Википедија се посочува дека филмот е коментар на современото општество и истакнува загриженост за влијанието на социјалните медиуми врз девојчињата пред пубертетот.
Притисокот бил толку голем што Нетфликс исто така се извинил и ги отстранил „несоодветните уметнички дела“ што ги користеле за промовирање на филмот.

„Многу жалиме за несоодветното уметничко дело што го користевме за Cuties. Тоа беше погрешно, како и нашето прикажување на филмот, кој премиерно беше прикажан на ‘Санденс’. Ние ги ажуриравме сликите и описот“, рнавеле од Нетфликс, кој во описот на филмот повеќе не споменува мешање, но го истакнува бунтот на Ејми против строгото воспитување.
Сепак, за некои, содржината е попроблематична од описот и промоцијата на филмот, поради што е покрената петиција за симнување на филмот од Нетфликс а досега се собрани повеќе од 20.000 потписи.
„Ја поддржувам дискусијата за тешки теми, но не мора да ги сексуализираме младите девојки за да разговараат за сексуалноста на младите девојчиња“, рекол еден од потписниците.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …