(ФОТО) ТЕШКИ ДЕТСКИ СОЛЗИ: Сиромашно дете од БИХ плаче бидејќи му ги украле капините кои ги продавал покрај патот

СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ во Босна и Херцеговина беа потресени од фотографијата на русокосо момче како плаче покрај патот, откако група постари момчиња му ги украле капините, кои тој ден ги собрал во шумата и ги продавал покрај патот.
Момчето е фотографирано од претприемачот Селмир Шљивиќ од Живница, кој исто така му помогнал.
“Продавачот на капини покрај патот М18, Брлошци, општина Кладањ. Тој плаче затоа што некои момчиња му ги земале неговите капини, ги грабнале и избегале. Таткото Бекрија е невработен, а неговата мајка вели дека е нон-стоп на лекарот, таа е болна, го достигнавме дното како општество кога децата се принудени да работат, а не да бидат заштитени и сепак да им го грабнуваме и тоа малку што го одработиле како и заработката. Јас помогнав колку што можев. Тој престана да плаче и има уште една тегла да продава“, напишал Селмир, а сликата на момчето како плаче брзо почна да се шири на социјалните мрежи и медиумите во БиХ.

Prodavač kupina na cesti M18, Brlošci, općina Kladanj. Plače jer su mu neki momci probali kupine, oteli iste i pobjegli….

Gepostet von Selmir Sljivic am Mittwoch, 19. August 2020

Шљивиќ за index.hr изјавил дека е пресреќен што неговата фотографија предизвикувала вакви реакции за да му се помогне на едно момче кое секој ден собира капини во шумата и ги продава покрај патот.
На социјалните мрежи се појавија информации дека со овие пари момчето секоја година купува училишна опрема.
Index дознал дека момчето припаѓа на исклучително сиромашно семејство со четири деца и болна мајка. До минатата година, сите живееле во една просторија без електрична енергија и вода, а потоа компанија од БиХ ја реновирала нивната куќа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Милка тарт: Чоколадно задоволство готово во момент!

Комбинација на лешници и чоколадо која одзема здив… Состојки: 200 г мелени бисквити 100 г …