(ФОТО) Гасол на Коби му бил како брат – Фотографијата со неговата ќеркича ќе ве растопи

КОБИ БРИЈАНТ со години се обидуваше да ја освои титулата во НБА, после разделбата со Шекил О’Нил, со кого освоил три, а успеа само кога во ЛА Лејкерси му се придружи Пол Гасол.
Покрај легендарниот шпански центар како соиграч на Коби, тој ги предводеше Лејкерси до уште две титули, во 2009. и 2010. година.
Двајцата развиле огромна меѓусебна почит, доверба и пријателство, до тој степен што станале како семејство. Значи, не е изненадување што Гасол останал близок со семејството Брајант, дури и’ по јануарската трагедија во која Коби, неговата ќерка Џана и седум други луѓе загинаа во хеликоптерска несреќа.


Така Гасол слободното време го искористил со семејството Брајант. Вдовицата Ванеса објавила фотографија од брод каде Гасол ја држи во рацете втората најмлада ќерка на Коби, Бјанка, со насловот „Чичко Гасол“ и хаштазите „брат“ и „семејство“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Починал легендарниот југословенски голман : Короната го земала најдобриот стрелец меѓу голманите!

ДРАГАН ПАНТЕЛИЌ, славен голман од 70-тите и 80-тите години, познат по одличните одбрани, но и …