(ВИДЕО) ОТКРИЕН ПОДЗЕМЕН КИНЕСКИ ЅИД: Моќна мрежа на тунели стара илјада години – Еве кое оружје го крие денес!

Династијата Сонг (960AD-1127AD) се борела 200 години со династиите Лиао и Јин, со кои управувале малцинствата во северните територии на Кина, Хетитите и Јурченците.
Бојното поле било бескрајно рамно, без планини или реки да ги користи за да се одбранат од напади, но нивната тајна била откриена пред повеќе од половина век, кога селаните на Јонгинг, Хебеи, доживеале голема поплава. Селаните трчале да си го спасат својот живот кога одеднаш протокот на поплавата се свртел и катастрофата била избегната – откривајќи низа подземните пролази што се протегаат на повеќе од 300 квадратни километри.
Експертите во Кина откриле дека античките воени тунели во Јонгкинг биле широко распространети и формирале дел од голема структура што се користела за сместување на трупите за време на војната.
Структурата на пештерите била комплицирана и поседувала напредни воени објекти, како што се камуфлирани излегувања, поклриви и порти за заклучување.
Неодамна е откриено постоење на модерна мрежа на тунели „Големиот Ѕид“ во планинските области на Хебеј.
Системот тунели – лавиринти го изградил одделот за артилериско инженерство во 1985 .година за да го прикрие, мобилизира и употреби растечкиот арсенал на нуклеарно оружје во Кина.


На националната телевизија првпат бил откриен во 2006. година, очигледно како одговор на тврдењата на некои американски експерти, кои рекле дека кинеската народноослободителна армија (ПЛА) нема кредибилитет за „втор удар“.
Имало истакнати дискусии за големината на нуклеарниот арсенал на Кина, откако студијата била објавена од професорот на универзитетот во Џорџтаун, Филип Карбер, во 2012. година.
Студијата „Стратешки импликации на кинескиот подземен „Голем Ѕид“ сугерирала дека тунелите можат да скријат дури 3.000 парчиња нуклеарно оружје.
Карбер беше водечки стратег за национална безбедност за време на Студената војна и тој број бил многу пати поголем од проценката на експерти за контрола на оружјето во американските разузнавачи.
Во извештајот, Карбер рекол дека „кинеската воена култура има долго вреднување на дефанзивното утврдување и тунелирање“, споменувајќи ги античките воени пролази на Јонгкинг како само еден од седумте „подземни големи sидови“ што го инспирирале најновиот проект.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Андреа се надева дека ќе ја претставува нашата земја на Евровизија со Circles

Circles се вика песната на Андреа која влезе во најтесниот круг од 6. песни за …