(ФОТО)СЛУЧАЈ КОЈ ГО ПОТРЕСУВА САД – Контроверзни фотографии: Бил Клинтон го масира една од малолетните жртви на Џефри Епштајн

Фотографиите се објавени непосредно пред говорот што Клинтон треба да го има како дел од поддршката на демократот Џо Бајден во претседателската трка.
Британскиот „Daily Mail“ објави ексклузивни фотографии според кои поранешниот американски претседател Бил Клинтон веројатно би сакал да исчезнат засекогаш. На нив е одбележано како поранешниот лидер ужива во масажата на 22-годишната Шонтај Дејви, еден од жртвите на милионерот, осуден педофил, Џефри Епштајн.
Фотографиите беа објавени непосредно пред говорот што Клинтон требаше да го има како дел од поддршката на демократот Џо Бајден во претседателската трка.


На фотографиите се гледа како Клинтон седи мирно и се смешка додека Дејви му го масира грбот. Девојката во тоа време имало 22 години и ја имало улогата на личен масер на Епштајн.
Клинтон, тогаш 56. годишен, се пожалил на укочен врат откако заспал во приватниот авион на Епштајн на хуманитарно патување во Африка во 2002. година.
Осомничената „Мадам“ Гислејн Максвел, кој е обвинета за трговија со луѓе, наводно во неколку наврати ја задолжила Дејви да го масира Клинтон.


Дејви тврдела дека Епштајн ја силувал неколку пати откако Максвел ја регрутирала, а исто така изјавила дека Клинтон на патувањето бил господин, пренесува „Daily Mail“.
Епштајн и Максвел, како и други познати личности, му се придружиле на Клинтон на неговото патување за Африка во септември 2002 година. Тоа бил проект на Фондацијата Клинтон за подигање на свеста за сиромаштијата и СИДА-та на континентот.



Постоеле фотографии на кои Клинтон и Максвел позираат пред авионот.
Да потсетиме, Џефри Епштајн се самоуби минатиот август во затвор.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што ја одредува СУДБИНАТА на човекот? Десет цитати од познат психолог кои можат да дадат одговор

Познат психолог открива што е тоа што, според него, ја одредува судбината на речиси секој …