ПАМЕТНИ СЕМАФОРИ: Доколку наидува возило на брза помош се пали ЗЕЛЕНО!

Досега во Соединетите држави, во сојузната држава Џорџија, каде бил започнат овој пилот-проект, се инсталирани околу 150 семафори.
Компаниите Autotalks и Applied Information од Израел и Соединетите држави развиле систем на паметни семафори, кои имаат можност да го вклучат зеленото светло кога возилата за итни случаи – медицинска помош, пожарникари или полиција – треба да поминат низ раскрсницата.
Системот работи безжично и е прилично едноставен. Имено, кога возилото се приближува до семафорот, возачот активира специјален уред што „издава налог“ на модулот во семафорот за да го вклучи зеленото светло, односно црвеното за други насоки.


Така, на возилата за итни случаи им се обезбедува побрз и побезбеден начин до местото на несреќата.
Досега, во Соединетите држави се инсталирани околу 150 од овие системи, во државата Џорџија, како дел од пилот-програмата, а компаниите што го развиле планираат натамошни подобрувања и проширување.
На тој начин, ризикот од опасни ситуации на раскрсниците ќе се намали, а кој знае, можеби еден ден ќе видиме таков систем и на нашите улици.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Полицајците не можеле да поверуваат кога виделе што вози на кровот на Фордот – Го исклучиле од сообраќајот!

ПОЛИЦИЈАТА запрела Форд кој имал нелегално оптеретување на покривот. Полициската патрола останала во чудо кога …