(ВИДЕО) Снимка од породување на Јутјуб која сите жени треба да ја видат!

Влијателната Легаци Алонг (24) го родила своето трето дете сама, во нејзината када, без помош и какви било лекови против болки, а нпатем направила и снимка на породувањето, која е видена повеќе од 700.000 пати.
Легаци објави видео од раѓањето на ЈуТјуб во март, како што вели, со цел да ги зајакне жените од целиот свет.
„Сакав секој што е заинтересиран да знае што се случува, како е чувството и колку е можно да се биде смирен. Породувањето е засилувачки. Тогаш сфаќате дека можете да направите било што“, вели Легаци. „Сакам жените да разберат дека имаат избор кога станува збор за породувањето. Се разбира, објавувањето на ова на YouTube носи свои предизвици. Како прво, моравме да се осигураме дека нема голотија“, истакнува мајката на три момчиња – четиригодишниот Принс, двегодишниот Ромео и бебето Хиро, чие раѓање е снимено на видеото.
„Јас дури и првото дете го родив без лекови и бев смирена. Акушерките беа импресионирани“, се сеќава Легаци, која денес има своја компанија која нуди виртуелни дули. За неупатените, дулите се жени кои помагаат и се поддршка за време на бременоста, породувањето и постпарталната реалност. Паралелно, од 2016. година, Легаци снима видеа за ЈуТјуб.
Во почетокот, таа давала совети за бременост и породување, а кога останала бремена по втор пат, таа ја документирала бременоста. Таа го родило својот син Ромео во 2017. година, вели дека второто породување било полесно од првото затоа што знаела што да очекува. Таа повторно забременила на почетокот на 2019. година, но имала абортус во 12-та недела од бременоста – и’ тој дел од животот го сподели со своите придружници.
„Лекарите не знаеја зошто се случи ова. Не сакав да кријам ништо, затоа направив снимки на таа тема, иако ми е тешко денес да ги гледам. Но, јас не го сторив тоа за себе, туку за другите“, објаснила таа.
Само еден месец подоцна, таа открила дека е повторно бремена. Овој пат, веста не беше споделена до третиот месец од бременоста, која помина добро, како и раѓањето што таа го изврши на 12. јануари 2020 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЖНО И БОЛНО – Во Македонија денеска се регистрирани 1288 нови случаи на Ковид 19: Починаа 39. лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања, а регистрирани …