Глумецот Мет Лебланк се прослави со улогата на Џои Трибијани во популарната серија „Пријатели“, после што стана еден од најголемите заводници.
Мешутоа, тој сега е многу променет, па малкумина би го препознале. Имено, Лебланк беил фотографиран на улица во тренерка и маичка со кратки ракави, тој носел капа на главата, а се забележува дека „нафрлил“ и неколку дополнителни килограми.
Патем, сè уште се чека конечната одлука на продуцентите во врска со специјалната епизода на „Пријатели“, чие снимање беше одложено поради пандемијата на коронавирус, што неодамна го потврди актерот Дејвид Швимер.
„Снимањето ќе започнеме во август, кон средината на август. Но, ќе почекаме уште една недела или две за да утврдиме дека е навистина безбедно за да се започне проектот“, рекол тој во „The Tonight Show“.