(ФОТО) ПОГРЕШНО ТОЛКУВАЊЕ – Фотографијата на кинескиот амбасадор како гази по луѓе сите ги згрозила

Додека некои набљудувачи тврдат дека фотографијата го симболизира растечкото влијание на Кина во Кирибати, други тврдат дека оваа пракса е традиционална
Фотографијата на кинескиот амбасадор како гази по луѓе сите ги згрозила.
Несекојдневен обичај
Фотографијата, на која се гледа кинескиот амбасадор во Кирибати како гази по грбот на луѓето што лежат на земја, како дел од церемонијата за пречек на островот среде Пацификот, предизвика жестока дебата за толкувањето на тој локален обичај.
Кинескиот амбасадор Танг Сонген ја посетил островската нација претходно овој месец, а фотографијата направена по неговото пристигнување покажува како гази по грбот на младите мажи кои лежат на земја пред него. Амбасадорот ги држи рацете на две млади жени облечени во традиционални фустани.
Додека некои набљдувачи тврдат дека фотографијата го симболизира растечкото влијание на Кина во Кирибати, други тврдат дека оваа практика е традиционална и дека фотографијата всушност е погрешно толкувана, пишува „The Guardian“.
За тоа се огласил ии американскиот аташе за одбрана на пет пацифички острови, вклучувајќи го и Кирибати.
„ Едноставно не можам да замислам никакво сценарио во кое одењето по грбот на децата е прифатливо однесување на амбасадорот на која било земја (а истото важи и за возрасните)“, напишал командантот Константин Панајотиу на Твитер.


Австралискиот пратеник Дејв Шарма, поранешен дипломат кој служел во австралиската мисија во Папуа Нова Гвинеја, исто така бил изненаден од фотографијата.
„Би бил изненаден ако австралиски претставник учествува на церемонија од ваков вид“, рекол Шарма за АБЦ.
Сепак, многу жители на Кирибати истакнуваат дека ова е вообичаена практика на тамошните острови и дека овој формален гест за добредојде е изваден од контекст.
„Ова е начинот на кој нашиот остров ги пречекува гостите“, напишал Адлих Зтухч.
„Ако странец се ожени во овдешно семејство, мажите би легнале на земја како знак на добредојде. Кога станува збор за жените, мажите ги носат на рамена. Ова е вообичаено однесување на свадби и за време на нечија прва посета. Да не манипулираме со фактите“, додал тој.
Вонреден професор на австралискиот универзитет, д-р Катерина Теаива, вели дека иако симболиката овде може да биде моќна, сепак се чини дека луѓето во Маракеиа во овој случај покажуваат повеќе чест и гостопримство отколку знаци на послушност.
„Познато е дека луѓето од Маракеиа ги следат обичаите на својата земја. Секој треба да биде помалку хистеричен во врска со тоа и повеќе да го почитува различностите и Пацифичките обичаи. Островјаните треба да бидат способни да имаат културно самоопределување. Пацифичките народи можат сами да утврдат кои обичаи треба да се одржуваат а кои треба да се менуваат доколку се насилни, дискриминаторски и слично“, е една од реакциите на социјалните мрежи.

Амбасадорот Танг истакнал дека тој и неговиот тим биле топло пречекани и дека старешините, островотскиот совет и локалното население биле крајно љубезни. Во изјавата се додава дека основната цел на оваа посета е да се воспостави врска Кина-Кирибати што ќе има повеќе корист за Кирибати.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ОД ОДМОР ОТИШЛА ВО СМРТ – ПРИНЕЗАТА ДАЈАНА ЕДЕН МЕСЕЦ ПРЕД СМРТТА УЖИВАЛА СО ДЕЦАТА И ЉУБОВНИКОТ НА ОДМОР: Фотографии од јахтата „кршат“ срца

Фотографиите од снимањето на серијата за принцезата Дијана покажале како таа ужива на одмор со …