Авокадото е многу хранливо и ќе ви помогне да се чувствувате полни заради високите концентрации на маснотии и растителни влакна
Многу студии се спроведени во потрага по одговори на тајната на подолг живот, а нешто што значително помага при продолжување е и правилна и квалитетна исхрана. Откријте која храна може да има позитивен ефект врз вашето здравје, а со тоа и врз вашиот живот.
Авокадо – Иако некои го избегнуваат заради мноштво калории, тоа навистина не е потребно. Авокадото е многу хранливо и ќе ви помогне да се чувствувате полни заради високите концентрации на маснотии и растителни влакна. Можете да го јадете само, но исто така и да го комбинирате со салата.
Јатки – Накусо, јадете ореви и одржувајте го вашиот мозок здрав. Истражувањата покажале дека една порција јатки (особено ореви) на ден игра важна улога во спречувањето на Алцхајмерова болест, зајакнување на меморијата и намалување на депресијата.
Грав – На оваа листа се нашол и гравот, кој е неверојатен протеин од зеленчук. Нема масти или холестерол и е богат со растителни влакна, протеини, железо, магнезиум и калиум. Се горенаведено помагаат во заштитата од дебелина, ракот на дебелото црево, дијабетесот и срцевите заболувања.
Кикирики – Исто како гравот и’ кикириките имаат многу слични хранливи материи. Тие се богат извор на протеини, но и незаситени масти. Исто така, содржат моќни антиоксиданти, кои имаат позитивен ефект врз кардиоваскуларниот систем.