Меган Маркл (38) планира да се врати на глумата, а продуцентите се тркаат во чиј проект таа прво ќе се појави. Тие тврдат дека поранешната војвотка од Сасекс може да заработи 50. милиони долари за нејзиното враќање, пишува Mirror.
Холивудскиот режисер Пол Фиг (57) изјавил дека многумина се обидуваат да направат договор со Меган, а на прашањето дали ќе ја ангажира за еден од неговите филмови, тој одговорил дека ќе го стори тоа.
„Доведете ја кај мене, би сакал. Мислам дека таа е одлична, јас сум нејзин фан“.
Британскиот менаџер за таленти Џонатан Сигмунд Шалит изјавил дека нејзиното враќање на сцената ќе биде феноменално.
„Каква и да е улогата што ќе ја игра, сите ќе сакаат да ја видат. Зборуваме за 50. милиони долари. Луѓето ќе бидат фасцинирани кога таа ќе се појави. Ако случајно се врати во серијалот „Suits“, тоа ќе биде најгледаната серија на светот“, рекол тој за Mirror. Шалит смета дека Меган мора внимателно да го избере тимот на актери со кои ќе работи доколку сака да успее во нејзиното враќање. Тој тврди дека таа има неверојатни способности со кои може да ги воодушеви продуцентите на филмот.
Да потсетиме, Меган и Хари пред неколку месеци се откажаа од своите должности како членови на англиското кралско семејство, по што се преселија во Америка. Тие неодамна купиле луксузна куќа во Санта Барбара, и ја одбрале таа локација затоа што е близу Холивуд. Вилата има 18.000 квадратни метри и има 5,4 хектари земја, базен, тениско игралиште, гостинска област и главна куќа. Има девет спални соби, 16. купатила, а за тоа платиле 14,6 милиони долари.