(ВИДЕО) СРАМОТА – ГЕРМАНСКИОТ ФЛОЈД Е МАЛОЛЕТЕН: Отворена истрага после скандалозната снимка од апсење на тинејџер во Дизелдорф!

Во Германија откако се појавија снимки на кои се гледа како полицаец приведувајќи малолетно лице му клекнува на вратот, потсетувајќи на убиството на црниот Џорџ Флојд, што предизвика масовни протести против полициската бруталност во САД, е отворена истрага.
На видеото, кое се појави на социјалните медиуми, се прикажани двајца полицајци кои учествувале во апсењето, при што едниот прво држел колено на главата на осомничениот, а потоа на вратот, додека згрозените минувачи гласно протестирале.
Инцидентот се случил во саботата во Дизелдорф,во Западна Германија.
Херберт Реул, министер за внатрешни работи на државата Северна Рајна-Вестфалија, чиј главен град е Дизелдорф, за телевизијата ВДР во понеделникот изјавил дека е шокиран кога ги видел снимките и дека започнал истрага.
Полицијата во Дизелдорф во изјава соопштила дека малолетникот ги нападнал полицајците кои биле повикани заради група хулигани во блискиот ресторан.


„Видеото се гледа внимателно во контекст на начинот на кој се случи полициската интервенција“, се вели во соопштението.
Истрагата ја водат полицајци од соседниот град за да се обезбеди непристрасност.
Флојд починал кон крајот на мај во Минеаполис, откако полицаец му го притискал вратот околу девет и пол минути.
Идентитетот на притворената малолетничка во Дизелдорф не е познат, а не се знае дали тој бил повреден при апсењето.
На германските полицајци им е дозволено да ја притиснат главата на осомничениот со колена, но не и вратот, изјавил за ВДР портпаролот на германската полициска унија.
„Сосема неразбирливо е зошто, кога еден млад човек веќе стои на подот, полицаец го држи коленото на главата и вратот“, рекла Верна Шафер од провинциската Зелена партија. „Тоа треба да се разјасни“, додала таа.
Германската полиција во последните неколку месеци била критикувана за екстремизам во своите редови, откако било објавено дека пензиониран полицаец е осомничен дека испраќал писма со расистичка содржина до истакнати претставници на малцинствата во кои им се заканува насилство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи во вашиот организам ако јадете ДВЕ ЛАЖИЧКИ МЕД секој ден? Канадските научници дојдоа до многу интересни податоци

Еве како редовното консумирање мед може да влијае на организмот Канадските научници истражувале и утврдиле …