Кеи Нишикори заразен со коронавирус:„Имам тажни вести…“

Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори објави дека е заразен со коронавирус и дека нема да учествува на Мастерсот во Синсинати, кој ќе се одржи во Њујорк од 22. до 28. август.
“Имам тажна вест. Ова утро, додека сè уште бев на Флорида, направив тест за коронавирус и резултатот беше позитивен. Морам да се повлечам од Мастерсот во Њујорк. Јас и мојот тим ќе го направиме тестот повторно во петок. Се чувствувам добро, симптоми скоро и да нема, но јас сигурно ќе бидам во целосна изолација за безбедноста на другите.Ние планиравме да заминеме во Њујорк утре, но сега очигледно ќе останеме на Флорида. Ќе објавам нови информации во петок”, рекол Нишикори, во моментов 31-та играч во светот.
Јапонецот тренирал на академијата на Ник Болистиери заедно со многу други тенисери.


УС Опен стартува последниот ден од август, а 30-годишниот играч го постигна најдобриот резултат на Грен слем турнирите во 2014. година во Њујорк, кога беше запрен во финалето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАТПРЕВАРИ ВО 16 И 20 ЧАСОТ – Осминафинале на Мундијалот: Французите апсолутни фаворити против Полјаците, Сенегалците се надеваат на чудо против Англичаните

Денеска се закажани два нови натпревари од осминафиналето на Светското првенство во Катар. Откако вчера …