ФОРМУЛА 1 – ГН на Шпанија: Лесна победа на Луис Хамилтон и катастрофа на Леклер

Луис Хамилтон од Мерцедес е победник на годинашната трка за Шпанското Гран При на патеката на Каталунја.
Луис Хамилтон ја започна трката од пол-позицијата и ги помина сите 66.круга на позицијата број 1, па му припишуваме нова лесна победа, овој пат во Шпанија.
На второто место заврши Макс Ферстапен, кој успеа да го претекне Ботас веднаш откако биле запалени 5-те црвени светла (тој заврши на третото место) и да биде пред него скоро целата трка, но зад Хамилтон.
Гледавме малку побавно издание на Формула 1 во Шпанија, немаше голем интерес и забележуваме нова катастрофа на Ферари, бидејќи моторот на Чарлс Леклер не издржа и тој мораше да се повлече во 40. круг од трката.
Тимовите биле многу повнимателни со гумите, може да се види дека Силвертон остави белег, па најмногу гледавме две или повеќе запирања за време на трката. Ферари, од друга страна, мораше да преземе малку повеќе ризик, затоа што треба да земеме предвид дека тие останаа само со Фетел на патеката.
Тој ја заврши трката на меки гуми, кои не беа во најдобра состојба, па Германецот остана без две позиции, од двата „Рејсинг Поинт“, но Серхио Перез заработи бизарна казна затоа што не ги почитуваше сините знамиња и го пропушти Луис Хамилтон, иако се помести на страна.
Да се вратиме на Фетел и неговото одлично возење, тој успеа да преживее во поени со меки гуми, а навивачите ширум планетата гласаа за него како возач на денот, малку добри вести за Ферари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина еден од најголемите тениски тренери на сите времиња

ЛЕГЕНДАРНИОТ тениски тренер Ник Болтиери починал на 90-годишна возраст. Американските медиуми пишуваат дека тој починал …