Добро избалансираниот однос на бактерии во цревата делува позитивно и на менталното здравје, се тврди во најновото истражување. Во врска со тоа главен совет е да се пие повеќе јогурт или други напитоци со пробиотско делување.
Научниците откриле дека Lactobacillus, која е најчеста во пробиотскиот јогурт, помогнува кај депресивното однесување кај глувците. Водачот на студијата, др. Албан Готије, од медицинското училите при универзитетот во Вирџинија, вели дека ова откритие е голема надеж бидејќи повеќе нема да мораме да се заморуваме со комплексните лекови и нуспојави кога можеме да се позанимаваме со микробиомот, односно цревната флора.
За да дојдат до ова сознание научниците прво го анализирале микробиомот на глувците пред и после изложеност на стрес. Со тоа се потврдило дека стресот доведува до губиток на Lactobacillus, што на крај доведува до појава на симптоми слични на депресија. Натамошните истражувања покажале дека нивото на Lactobacillus во цревата влијае на нивото на кинуретинот, метаболити кои претходните студии ги побрзале со развојот на депресијата.
Во оваа студија кога висините на Lactobacillus биле намалени висината на кинуренинот растела, а тоа довело до развој на симптоми слични на депресија. Научниците тогаш на глувците под стрес им ја смениле исхраната и почнале да им даваат храна која ја содржи оваа бактерија.
Говорејќи практично, ова сознание може да помогне и во лекувањето на депресијата кај луѓето. Лицата кои страдаат од мало депресивно расположение би требало само да го променат начинот на исхрана.
До слични сознанија дошле и истражувачите во студијата спроведена во 2014. година. Тие сугерирале дека пробиотиците – кои го зајакнуваат обилието на цревните бактерии ја намалува анксиозноста и стресот кај возрасните лица, додека ниско ниво на Lactobacillus доведувало до депресивни симптоми.