(ФОТО) Се чувале за брак: Славни парови и нивната одлука за секс дури после олтар!

Сексуалниот однос е исклучително важен чин за некои дами и мажи на јавната сцена, и токму затоа чекаат да стапат во брак со цел да се препуштат на своите страсти во кревет – или барем така зборуваат за медиумите.
Американската пејачка Сијара и фудбалерот Расел Вилсон се заветуваа на целибат само неколку месеци откако ја започнаа својата врска.
„Кога се фокусирате на пријателството, навистина мислам дека имате можност да изградите цврста основа за квалитетен однос“, откри Сијара, која на својот сакан Расел „ДА“ му кажа во 2016 година.
Слично беше и со пејачката Џесика Симсон и нејзиниот поранешен партнер Ники Леи. Таа за списанието People во 2000 година изјави дека невиноста може да биде кул и секси. Пејачката и презентерка тогаш признала дека не е секогаш лесно да се биде во целибат, туку да се почитува нејзината одлука да чека на секс до првата брачна ноќ.

View this post on Instagram

Selfie Timer Shoot Kinda Day 🥰

A post shared by Ciara (@ciara) on

Австралиската манекенка Миранда Кер и основачот на Snapshot, Иван Шпигел, ветија дека нема да имаат сексуални односи до брак.
„Ништо пред брак. Иван е многу традиционален човек. Не смееме, чекаме“, изјавила Миранда Кер за „The London Times“.

Актерката Тина Феј на ТВ презентерот Дејвид Летерман му изјавила дека „не можела да се откаже од невиноста туку така“. Таа признала дека се придржувала кон нејзините стари христијански вредности и признала дека таа ја изгубила невиноста дури кога се запознала со Џеф Ричмонд, со кого се уште е во брак.

Ѕвездата од серијалот „Пријатели“, Лиса Кудров изјави дека отсекогаш се воздржувала од сексот.
„Разбрав што значи да се плашиш од секс и сопствена сексуалност. Бев внимателна затоа што сакав да го заслужам човекот за кој сонував“, признала славната комичарка и актерка, зборувајќи за нејзината девственост.
Таа се омажила за шест години постариот Мајкл Стерн, во 1995 година, кога имала 31. година, и тие се уште се во брак. Со брачен стаж од 23. години, тие денес се сметаат за рекордери во Холивуд.
„Кога Мајкл и јас се венчавме, знаевме дека не ветуваме вечна љубов затоа што никој не може да го вети тоа. Наместо тоа, ветивме дека ќе работиме на сите можни брачни проблеми што ќе се појавуваат“, рекла таа во тоа време.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елена Pиcтecка во „Бекстејџ“: „Најважно е дека дете не се прави со било кој!“

Македонската пејачка Елена Ристеска музичка кариера ја стави во втор план, а неодамна почна сопствен …