(ФОТО) Рецепт на денот:„Марокански ќофтиња“

Можеби треба да внесете промени во начинот на подготовка на популарните ќофтиња. Погледнете, можеби овој рецепт ќе стане дел од вашето ново мени
Потребно е:(за 4.лица)
600 г. мелено јагнешко (јунешко) месо
100 г. црвен кромид
1 чен лук
1 јајце
100 г. лебни трошки
сол
рендана коричка од 1 лимон
2 г. цимет во прав (1/3 лажичка)
малку мелен ким
кардамон, истолчен
морско оревче, рендано
чили, по желба
масло за пржење
Сос:
50 г. путер
50 г. брашно
500 мл. супа (пилешка, јунешка)
сок од 1 лимон
2-3 г. кардамон (прав)
1-2 гранчиња коријандер
Подготовка: во меленото месо додајте ги сечканите лук и кромид, јајце и лебните трошки и сите зачини. Убаво измесете, по потреба додајте малку вода.Обликувајте ќофтиња и кусо испржете ги на загреано масло,по околу 3 минути од секоја страна, со постојно превртување.
Ќофтињата префрлете ги во сад за печење и ставете ги во рерна загреана на 190 степени на 10 минути.
За сосот, на путер пропржете го брашното, залијте со 400. мл супа и варете околу 10. минути, ако е потребно додајте ја преостанатата супа, сокот од лимон и варете уште 5 минути.
Сосот излијте го врз ќофтињата, наросете со грубо сечени ливчиња коријандер и кардамон и послужете.
Совет: Запржениот кафеав слој на ќофтињата на јадењето ќе му даде посебен вкус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Што е ПЛФ формуларот, кој го бараат за влегување во Грција, и како се пополнува!

Ако ваша деестинација за оваа пролет и лето е Грција, она што ви треба со …