(ФОТО) Единствено: Ролат од тиквички со шунка и сирење

Ролатот од тиквички со шунка е јадење кое за неколку минути „ќе исчезне“ од масата…
Ви донесуваме рецепт за ова единствено јадење, за појадок, ручек или вечера – по ваша воља.
Потребно ви е:
3 тиквички
3 јајца
3 – 4 лажици брашно
1 лажица масло
лук
1 лажица сечкан копар
1 лажица сечкан магдонос
сол, црн пипер
Фил:
125 г крем сирење
100 г жолто сирење
180 г шунка
Подготовка: тиквичките се лупат и рендаат, насолете и оставете да отстојат а потоа убаво исцедете. Додајте ги изматените јајца и другите состојки и хомогената смеса истурете ја на плех од шпорет покриен со хартија за печење. Израмнете ја смесата и ставете во рерна загреана на 180 степени па оставете да се пече околу 20 – 25 минути.
Испеченото тесто заедно со хартијата извадете го од тавата и завиткајте како ролат (со хартијата или со кујнска крпа). Оставете да се излади.
Фил: крем сирењето измешајте го со ренданото сирење. Одвиткајте го ролатот, отстранете ја хартијата, намачкајте со крем сирењето и нанесете ја шунката. Завиткајте ролат и оставете убаво да се излади.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) На Бред Пит му бил потребен развод за да ја разбере љубовта:„Откако ја изгубив жената што ја сакав, сфатив…“

„Очигледно не сум експерт за врски. Инаку би направил сè на многу поинаков начин … …