ФОРМУЛА 1: Луис прв на FP2, ново изненадување на Грожан

На вториот слободен тренинг пред Големата награда на Шпанија, најбрз беше Луис Хамилтон, додека второ време имаше неговиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас.
Луис Хамилтон беше најбрз во вториот слободен тренинг во Каталонија со време од 1:16.883, додека Валтери Ботас беше побавен со 287 илјадитинки. Макс Ферстапен беше трет со дури осум стотинки заостаток, а Даниел Рикардо беше четврти. Изненадување на вториот тренинг беше возачот на Хас, Роман Грожан, кој заостана над една секунда.
Шести беше Чарлс Леклерк, седми беше Карлос Саинз, осми беше повратникот Серхио Перез, а првите десет ги заокружија двајца Французи, Естебан Окон и Пјер Гасли. Себастијан Фетел имаше уште едно разочарувачко возење бидејќи имаше 12. време, Алекс Албон имаше 13 а Ландо Норис 14.
Ботас беше побавен од Хамилтон поради мала грешка во 16. свиок од патеката Каталонија во неговиот најбрз круг. Роман Грожан беше одличен на вториот тренинг, исто како во првиот кога беше шести, додека попладне беше на петтото место. Ова е најпозитивниот резултат што го имаше оваа сезона.
Фетел имаше многу проблеми на вториот тренинг, па немаше толку добро време, а тој инаку го возел Ферари со нова шасија. Ист бил случајот и со Карлос Саинз.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Познат спортист на плажа разменувал жешки бакнежи со дечкото

Ѕвездата на НФЛ, спортистот Рајан Расел бил фотографирана со своето момче, танчерот Кори О’Брајан во …