Македонскиот продуцент MVRTK го претстави новиот сингл Adore You

MVRTK го презентира новиот сингл, во соработка со VRTHNKK, насловен Adore You, издаден со германските 1st Strike Deep во соработка со реномираните Universal Music Group. Новиот сингл пристигнува откако MVRTK постигна голем успех со претходниот сингл Again, во соработка со VRTHNKK и Arround, кој беше поддржан и од глобалната музичка икона Ferry Corsten.
Претходниот сингл, кој беше издаден со германските SWUTCH Music – RUN FREE, постигна голем успех и беше слушан на многу плејлисти и радио станици од големи фестивали за електронска музика, особено музичките фестивали во Германија, како Parookaville, Oldenbora, Open Beatz, како и холандскиот фестивал за електронска музика Amsterdam Dance Event.


Ова е втора песна која MVRTK ја издава во период од три месеци, а претходниот сингл, Again, веќе е дел од плејлистите на многу радио станици низ Европа, како и на значителен број на радио станици низ светот.
Внесете се во меланоличното расположение од овој атрактивен аранжман со темен ритам, широки звуци на синтисајзерите и мистични вокали – комбинација за одлично доживување на сите електронски забави.
MVRTK е музички продуцент од Македонија, кој оваа година целосно се посвети на музиката и не престанува со творење. Тој веќе работи и на неколку други песни кои ќе ги слушате наскоро, за кои имаме информации дека се во соработка со Chris Simon, Dominus, Kittrix, Ycy, Skyshot, како и многу други.

Слушнете ја Adore You на следниот линк:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елена Pиcтecка во „Бекстејџ“: „Најважно е дека дете не се прави со било кој!“

Македонската пејачка Елена Ристеска музичка кариера ја стави во втор план, а неодамна почна сопствен …