Во издание на „МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА“  објавена книгата „Подемот и падот на Кинеските династии“

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата „Подемот и падот на кинеските династии“ од Ма Сиаодонг, во превод од англиски јазик на Љубица Стефановска.

Книгата содржи сто вистински приказни за древните кинески владетели. Таа, всушност, претставува куса историја на Кина и на кинеската цивилизација, од почетоците на оваа најстара жива цивилизација па до последниот кинески цар, раскажана со едноставен и лесен стил низ приказни. Поточно, „Подемот и падот на кинеските династии“ ја раскажува историјата на Кина од легендарните три кралства и пет царства до падот на династијата Ќинг.

Со овие приказни за кинеските кралеви и цареви и за подемите и падовите на династиите во Кина, книгата е особено погодна за читателите кои се интересираат да добијат општи познавања за кинеската култура и историја.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Автор на култни филмови – Во 74. година починал познатиот српски режисер Горан Паскаљевиќ

Прославениот српски и југословенски филмски и телевизиски режисер, Горан Паскаљевиќ починал на 74-годишна возраст. Ќе …