(ВИДЕО) Официјално: Вилијан на три години во Арсенал

Вилијан е официјално играч на Арсенал. 32-годишниот Бразилец пристигнува со бесплатен трансфер од Челси, откако одби да потпише нов договор со „сините“ од Лондон. Договорот на Вилијан со „топџиите“ е на три години.

Информациите за плата на играчот се доста противречни. Според секоја веројатност, неговата основна плата ќе биде 100,000 фунти, но со сите бонуси сумата може да надмине 200.000 фунти.

– Верувам дека Вилијан е играч кој може да направи разлика за нас. Ние ја следиме ситуацијата со него веќе два месеци. Имавме јасна намера да се засилиме со напаѓач од средниот ред и крилен напаѓач, така што тој е играч кој ни дава многу варијабилност, рече менаџерот на тимот, Микел Артета.

Вилијан, кој минатата сезона одигра 47 натпревари за Челси во сите натпреварувања, ќе игра со бр.12 за својот нов тим. Бразилецот забележа вкупно 339 средби со тимот од „Стемфорд Бриџ“, откако во 2013 година беше привлечен од Анжи Махачкала за 30 милиони фунти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Познат спортист на плажа разменувал жешки бакнежи со дечкото

Ѕвездата на НФЛ, спортистот Рајан Расел бил фотографирана со своето момче, танчерот Кори О’Брајан во …