(ВИДЕО+ФОТО) СМЕШНО А ТАЖНО – Паднал од балконот додека мајката и братот ги гаѓал со тенџериња: Завршил во болница!

Тургај Е. (33) од Истанбул е повреден откако паднал од балконот за време на расправија со членовите на семејството, пишува Хабертурк .
Додека неговиот брат и мајка излегле надвор од зградата, тој се расправал со нив од балконот и почна по нив да фрла мебел.
Во еден момент Тургај Е. се упати кон некое тенџере, го фрлил кон нив и потоа ја загубил рамнотежата.
Неговиот стан се наоѓал на првиот кат од зградата.
Повредениот Тургај Е. бил пренесен во болница со брза помош, но за среќа тој не бил сериозно повреден.


Соседите велат дека кавгата започнала во станот.
“Неговата мајка и брат избегаа и излегоа надвор. Тој излезе на балконот и почна да фрла со што стаса. Падна додека фрлаше предмети по нив. Мојата ќерка успеа се да фотографира. Тогаш пристигна брзата помош и го одвезе“, им рекол на медиумите Хусаметин Горгу.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Идеи за уредување: Како малиот стан да изгледа пространо!

Дизајнерката за уредување на ентериери Челзи Браун живее во стан од 48. квадратни метри во …