БЕЗ СТРАВ: Новак Ѓоковиќ ќе патува во САД каде ќе игра во Синсинати и на УС Опен

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, реши да игра на УС Опен.
Ѓоковиќ ќе патува во Соединетите Држави на 15. август, а прво ќе настапи на Мастерсот во Синсинати на 22. август.
Тој ќе настапи на УС Опен следниот викенд, кој започнува на 31 август. Двата турнира се играат во Њујорк за да се избегне можноста за заразување на играчи со коронавирусот.
„Драго ми е што можам да потврдам дека ќе се натпреварувам на Western & Southern Open и US Open оваа година. Не ми беше лесно да ја донесам оваа одлука, земајќи ги предвид сите пречки и предизвици, но едвај чекам да можам повторно да се натпреварувам на тенискиот терен “, порачал Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ ќе биде првиот фаворит на УС Опен бидејќи Рафаел Надал и Роџер Федерер нема да настапат, а тој ќе има можност и дополнително да ја зацврсти својата позиција на АТП-листата.
Минатата година тој стигна до осминафиналето и брани само 180. поени, а со освоената титулата на своето конто може да додаде уште 1,120 поени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Познат спортист на плажа разменувал жешки бакнежи со дечкото

Ѕвездата на НФЛ, спортистот Рајан Расел бил фотографирана со своето момче, танчерот Кори О’Брајан во …