(ФОТО) Пет најдобри и најбрзи десерти со ореви

Многумина не можат да замислат добар десерт без ореви. Еве неколку наши предлози: какао торта, совршени штанглички, домашна баклава, мафини за половина час, експресни браунси…

Какао торта

loading...

Потребно е: кора: 5 јајца, 25 лажици шеќер, 25 лажици масло, 25 лажици млеко, 25 лажици брашно, 5 лажици какао во прав, рендана коричка од портокал, прашок за печиво.
Фил: 1 литар слатка павлака, 600 г чоколадо, 125 г путер, чаша свежо цеден сок од портокал, 5 лажици џем, 200 г ореви за наросување
Подготовка: кора: изматете ги белките во цврст снег, а посебно изматете ги жолчките со сите други состојки. На крај со лажица, полека, додајте го снегот од белките и лесно измешајте. Тестото поделете го на три еднакви делови и секој посебно испечете го, во исто тавче покриено со хартија за печење.Печете околу 10. минути во рерна загреана на 200 степени.
Изматете фил од наведените состојки, загрејте ја павлаката со сокот од портокал, додајте го искршеното чоколадо и оставете малку да се излади,додајте путер и се’ убаво изматете. .
Редете: кора – џем – фил – мелени ореви и така до крај. Украсете со сечкани ореви и истопено чоколадо.
Тортата пред служење оставете ја неколку часови во фрижидер.


Шарени штангли


Потребно е: 5 јајца, 220. г шеќер, 220 г мелени ореви, 220 г суво грозје, 100 г шеќер, 50 мл вода.
Подготовка:пенесто изматете ги јајцата со шеќерот, додајте 110 г. мелени и 110 г сечкани ореви и суво грозје. Смесата измешајте ја, убаво да се соедини, па истурете во плех кој сте го обложиле со хартија за печење.Ставете во рерна загреана на 180 степени и печете околу 30. минути. Оставете да се излади.
Направете прелив од шеќер и вода, оставете да врие 2 минути, со постојано мешање и кога ќе се излади полијте преку штанглите. Оставете потполно да се излади.

Домашна баклава

Потребно е: 500 г кори за баклава, 250 г сечкани ореви, 250 г мелени ореви, 500 г шеќер, 125 мл масло, 125 мл млеко, 2 лажици мед, 1 лимон.
Подготовка: измешајте ги путерот, маслото, млекото и медот, па се истопете. Потоа измешајте ги мелените и сечканите ореви и шеќер. Во плехот ставете три кори, испрскајте со подготвената смеса со путер и наросете со ореви. Ставете две кори, испрскајте со истопената смеса, потворно наросете со оревите. Така редете до крај, а на врвот ставете три кори, испрскајте ги, исечете на ромбови или триаголници. Баклавата ставете ја во загреана рерна и печете додека не добие златно – црвена боја.
Шеќер и вода ставете да зовријат и варете пет минути. Во тоа додајте кругови лимон и со топлиот шербет полијте ја изладената баклава. Оставете убаво да се излади.

Мафини за половина час

Потребно е:2 јајца, 1/2 шоља масло, 2 лажици путер, шоља шеќер, прашок за печиво, ванилин шеќер, шоља кисело млеко, шоља брашно, 1/2 шоља ореви.
Подготовка:
изматете ги јајцата со путерот, маслото и шеќерот. Додајте брашно во ванилин шеќер и печиво и кисело млеко. Смесата за мафини мора да биде малку поретка до стандардна смеса за торта. Измешајте со крупно сечканите ореви. Смесата расподелете ја, до две третини, во висина на калапите. Печете околу 25. минути во рерна загреана на 180 степени.

Експресни браунси

Потребно е: 200 г путер, 200 г црно чоколадо, 4 јајца, 200 г шеќер, 120 г брашно, 200 г ореви.
Подготовка: на пареа истопете го чоколадото со путерот, мешајте смесата да стане мазна, па тргнете од пареата и оставете да се излади. Малку изматете ги јајцата, додајте им шеќер и матете уште пет минути па додајте ја чоколадната смеса. Додајте брашно и сечкани ореви (убаво измешани во брашното) и измешајте. Смесата истурете ја во тава покриена со хартија за печење и ставете во рерна загреана на 180 степени. Печете околу 25. минути. Оставете да се излади, исечете на поголеми коцки и послужете украсени со парчиња ореви.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Единствената принцеза што смее да ја носи: Шарлин од Монако во проѕирна кошула поставила нов моден предизвик

Принцезата Шарлин од Монако присуствувала на свеченото отворање на продавница за луксузни часовници во Монте …