РК Бор од Србија е новиот предизвик за Јована Софковска

Поранешната ракометарка на Металург, Вардар и Лихнид, Јована Софковска, кариерата ја продолжува во Србија, откако e договорeна соработка со Ракометниот клуб Бор.

Големо искушение и еден почеток кој е малку поинаков од останатите кои до сега сум ги имала. Секако, голем предизвик кој го прифаќам со нови сили и силна мотивација за успеси со новиот клуб. – изјави Софковска.

Јована игра на десната крилна позиција е подготвена за првиот интернационален предизвик во својата ракометна кариера.

Клубот Бор каде што ќе игра 19-годишната Јована се натпреварува во Супер лигата и ќе биде дел од националниот Куп.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ФОРМУЛА 1 – Шумахер од Швајцарија го преселиле на Мајорка:„Михаел комуницира само со очи!“

МИХАЕЛ Шумахер повеќе не се опоравува во Швајцарија, туку во Мајорка. Неговата сопруга Корина таму …