ОД НАРЕДНАТА ГОДИНА ЕВРОВИЗИЈА ПРИСТИГНУВА ВО САД: Во американската верзија ќе учествуваат сите 50. сојузни држави

По повеќегодишни гласини, полупотврди и изјави на анонимни извори, конечно и официјално е соопштено дека најпопуларното музичко натпреварувањето во Европа, Евросонг, пристигнува во Америка.
Американското музичко натпреварување – „The American Song Contest“ – ќе биде одржанo во текот на празниците во 2021-ва година.
Правилата ќе бидат слични со веќе постоечките, евровизиските: изведувачи од цела Америка ќе се натпреваруваат во полуфинални емисии, претставувајќи ја својата држава (САД се состои од 50 држави).
Веројатно ќе има пет полуфинални емисии, а победниците за наградата ќе се натпреваруваат во големо финале.
Продуцентите на „The American Song Contest“ најавиле дека ова ќе биде нешто што американската публика досега немала можност да го види.
„Време е Америка да го искуси овој спектакл. Љубовта кон музиката е универзална и прославата на различни жанрови и стилови ги поместува границите и ги обединува луѓето“, изјавил извршниот супервизор на Евровизија, Мартин Устердал.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Живеел во сиромаштија а денес на сопругата и исплаќа 15. милиони фунти – оштета

Иако се обиделе да ги демантираат медиумските извештаи за нивниот развод, љубовната врска помеѓу турската …