НАДАЛ ИСКРЕНО! Ова е вистинската причина поради која Шпанецот не сака да ја брани титулата на УС Опен!

Најдобриот шпански тенисер, Рафаел Надал, објасни зошто нема да учествува на Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави.
Вториот рекет во светот неодамна објави дека не сака да ја брани титулата на УС Опен, а сега тој објави зошто донел таква одлука.
“Здравјето е главната нијанса што влијаеше врз мојата одлука. Ми се чини дека ситуацијата со коронавирусот сè уште не е целосно под контрола, така што мојот тим и јас решивме да не учествуваме на УС Опен”, изјави Надал за Тенис365.
34-годишниот Шпанец изјави дека не сака да го доведе своето тело во опасност.
“После многу месеци без конкурентно оптеретување, ни беше понуден тежок календар. Префрлувањето од тврда површина на земја без практично никакви подготовки е опасно за моето тело и иднина. Тоа е личен став. Ситуацијата е таква како што е и не чувствував сила да одам во Њујорк и да се борам“, заврши Надал.


Да потсетиме, Надал триумфираше на Отвореното првенство на Америка минатата сезона.
Поради тешката епидемиолошка состојба во Њујорк, годинашниот УС Опен ќе се игра без присуство на публиката. Учесниците ќе треба да ги почитуваат строгите мерки на заштита донесени од организаторите на турнирот. Ќе бидат сместени во „меур“ и нема да им биде дозволено да ја напуштаат базата до крајот на турнирот.
Турнирот ќе се одржи од 31. август до 13. септември, а веќе е потврдено дека во него нема да учествуваат Роџер Федерер (кој се опоравува од операциите на коленото и своето враќање го најави дури за Мелбурн 2021) , Рафаел Надал, Ник Кирјос, Гал Монфис, Стан Вавринка и многу други.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Познат спортист на плажа разменувал жешки бакнежи со дечкото

Ѕвездата на НФЛ, спортистот Рајан Расел бил фотографирана со своето момче, танчерот Кори О’Брајан во …