Д Фестивал, веќе се подготвува за своите две наредни изданија – вонредно и јубилејно!

Единствената фестивалска авантура – Д Фестивал, веќе се подготвува за своите две наредни изданија – вонредно и јубилејно! Поради неможноста да го прославиме десеттиот роденден како што му доликува – со тридневна програма исполнета со многу музика, стотици уметници и креативци, повеќе бини, фестивалски камп и илјадниците најверни другари, големото, официјално роденденско издание го закажавме за 2 – 4 јули 2021-ва година!

ПРВИТЕ ПОТВРДЕНИ АРТИСТИ ЗА 2021-ВА ГОДИНА

Највозбудливото фестивалско доживување ќе ни го овозможат – синот на Bob Marley, jамајканскиот хип-хоп и реге артист – КY-MANI MARLEY, панк-иконата и тапанарот на култните Ramones – MARKY RAMONE, балканските Sonic Youth – РЕПЕТИТОР, легендарното германско електронско дуо – BOOKA SHADE и харизматичната поетеса која ги освои срцата на домашната публика – ТЕЛЕМАМА, а за неколку дена доаѓа и вториот бран на потврдени артисти за големото, роденденско издание на Д Фестивал во 2021-ва!

ЕДЕН БИЛЕТ = СТОТИЦИ МУЗИЧКИ ИЗВЕДУВАЧИ

Сите кои имаат набавено билет за Д Фестивал 2020 до 30.07.2020 година ќе можат со истиот да присуствуваат на две Д Фестивал изданија – на годинашното еднодневно, на кое ќе се дружиме со SUPERHIKS, BERNAYS PROPAGANDA, LD PISTOLERO, DONPLAYA, BON PRASKIZA, PRINCE$$ DONATSU и PLUTO’S DOUBTS, а и на наредното големо роденденско издание во 2021-ва година, каде што ќе ни се придружат уште многу специјални гости, уметници и креативци.

Билетите за овогодинашното еднодневно издание на Д Фестивал се достапни во продажната мрежа на MkTickets и Karti.com.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елена Pиcтecка во „Бекстејџ“: „Најважно е дека дете не се прави со било кој!“

Македонската пејачка Елена Ристеска музичка кариера ја стави во втор план, а неодамна почна сопствен …