Денес е спомен на Светиот маченик Калиник: Кажете ја денеска оваа молитва!

Родум од Киликија. Од малечок воспитан во христијанското благочестие. Остави се и тргна да го проповеда Евангелието. Во Анкира беше фатен од некој незнабожечки кнез Сакердон. Кога кнезот му се закани со грозни маки доколку не им се поклони на идолите, Свети Калиник му одговори: „Мене секоја мака за мојот Бог ми е добредојдена како леб на гладен“.
По страшни измачувања и заплашувања кнезот го обу во железни опинци со внатрешни клинци и нареди да го водат до градот Гангрски, затоа што не смееше веќе да го мачи ниту да го погуби во Анкира, бидејќи мнозина што го гледаа јуначкото трпење на Божјиот човек се обратија во верата Христова. По патот војниците ожеднеа, а немаше вода. Свети Калиник Му се помоли на Бога и низведе вода од еден камен. Кога пристигнаа во градот Гангрски мачителите го фрлија Свети Калиник во вжарена печка. А светителот Му вознесе молитва на Бога, велејќи: „Ти благодарам, Оче Кој Си на небесата, Кој ме удостои за овој час во кој за Твоето име умирам“. Потоа влезе во огнот. Кога изгасна огнот, го најдоа неговото тело мртво, но неповредено и цело. Чесно пострада и се украси со венец на вечна слава во 250. година.

Кажете ја денеска оваа молитва:
“Маченикот твој Господе, Калиник, во страдањето свое го прими вечниот венец, од тебе нашиот Бог. Со неговата молитва спаси ги нашите души”.

Светата маченичка Серафима
Девојка по потекло од Антиохија. Живееше во Ром, во домот на една сенаторка Савина, која и ја приведе кон верата во Христа. Кога еден мачител на христијаните по име Вирил слушна за неа, нареди да му ја донесат. Пред него Серафима остана непоколеблива во верата, па тој нареди и ја фрлија во затвор, а потоа и испрати некои момчиња за да преноќат со неа и да ја осквернат. Кога момчињата дојдоа пред затворската врата, Серафима Му се молеше во затворот на Бога. Пред вратата одеднаш застана пред нив ангел Господов со меч во рацете и тие паднаа како мртви, сосем несвесни и раслабени. Утредента мачителот ја замоли Серафима и таа со молитва ги врати во свест. Бидејќи сево ова го припиша на магии, Вирил нареди, та оваа Света девица најнапред ја гореа со свеќи, а потоа ја тепаа со стапови. Но додека ја биеја нејзе, едно парче од стап отскокна и го удри Вирил по очите, од што тој ослепе. Најпосле на Христовата слугинка и ја отсекоа главата со меч и таа Му го предаде духот на Бога. Благочестивата Савина чесно го погреба нејзиното тело, од кое потече исцеление за многумина. Света Серафима пострада во времето на царот Адријан (117 г. – 138 г.).

Светата маченичка Теодотија
Млада вдовица со три деца. Заедно со Анастасија во Солун, Теодотија се трудеше во Божјото дело, а беше наполно предадена на благочестив живот. Во времето на гонењето од страна на Диоклецијан ја осудија на смрт и заедно со нејзините деца ја фрлија во огнена печка. Нивните свети души се вивнаа во небесната татковина.

Светиот маченик Евстатиј Мцхетски
Персијанец, родум од селото Арбукет. Во својата триесетта година дојде во градот Мцхет и кога виде како веруваат и живеат христијаните прими Крштение. Мачен за Христа и убиен со меч во Тифлис, во 589 година.
Неговите мошти почиваат во соборната црква во Мцхет и им даваат исцеление на верните.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ПОДАТОЦИ НА СЗО: Рекордни 505 000 нови случаи ширум светот за само 24 часа – најмногу од почетокот на пандемијата!

Повеќе од 505.000 нови случаи на коронавирус се регистрирани во СВЕТОТ во петокот, што е …