ГОЛЕМ СИ ГОСПОДИ:Молитва на болен за негово исцеление!

Господи, Боже мој, повикав кон Тебе и Ти ме исцели (Пс. 29:30)
Господи, Исусе Христе, Спасителу наш!
Од љубов кон луѓето Ти слезе на земјата за да ги спасиш оние што загинуваат. Ти, со милостивата Твоја рака, ги исцели болестите и немоќите на оние, кои ја побараа Твојата божествена помош, им го врати здравјето, несреќите ги оттргна и им дарува живот.
Преголемо е Твоето човекољубие, семилосрден наш Господи.
Затоа и јас го обраќам своето срце кон Тебе и со смирение Те молам да ми помогнеш и да ми го вратиш здравјето.
Знам, Господи, дека не секогаш оддавав признание и благодарност за здравјето, кое Ти ми го даруваше.
Често Те заборавав и кон Твојот дар бев невнимателен. Но, Ти не сметај ми ја неразумноста.
Умножи ја Твојата благост и не според заслуга, туку по милоста Твоја подигни ме од леглото на страданието и маката, а јас преку сите денови на животот ќе ја прославувам Твојата чудесна сила и ќе го исполнувам Твојот свет закон.
Помогни ми да ја истрпам болката што ја чувствувам, смилувај се над мојата немоќ, не допуштај моето срце да се огорчи или душата да ми се смути и да почне да ропта.
Дојди, Господи, кај мене, угасни го огнот што ме мачи, подигни ме за да тргнам по Тебе и да бидам жив сега и во вечноста. Амин!
(може да се употреби свето масло)
Оче, се помазувам со ова масло во Името на Исус Твојот Син. Тој е лек за сите мои болести. Направи преку ова Свето масло да ја почуствувам силата на оздравувањето на Твојот Свет Дух која се излива врз мене преку смртта и Воскреснувањето на Исуса Христа.
Како што ова масло продира и оздравува, така Твојот Свет Дух нека го опфати целото мое битие и нека ја острани сета темнина, грев , лоши и негативни чустваи нека ме исполни со целосна сила на оздравувањето.Оче, оздрави ме во телото, душата и духот, на Твојата слава и чест. АМИН.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елена Pиcтecка во „Бекстејџ“: „Најважно е дека дете не се прави со било кој!“

Македонската пејачка Елена Ристеска музичка кариера ја стави во втор план, а неодамна почна сопствен …