11. намирници пребогати со железо: Ова морате да го јадете за максимално јака крвна слика и здрав организам!

Овој минерал има една од најважните улоги во човечкото тело…
Железото е минерал кој игра многу важна улога во организмот, а главната се однесува на трансферот на кислород низ телото и производство на црвени крвни зрнца. Тоа е основна хранлива материја, што значи дека мора да се земе во организмот со храна, а препорачаната дневна доза на железо што треба да се зема со храна е 18 мг.

Недостаток и видови на железо
Недостаток на железо во организмот се нарекува анемија, а еден од главните симптоми е замор, летаргија и безволност. Жените со обилни менструации, кои во исхраната немаат намирници богата со железо, се многу изложени на ризик од развој на анемија. Но, за среќа, многу храна е богата со железо, така што не е тешко да се добие доволно од овој минерал.
Железото се наоѓа во исхраната во две групи на извори, па затоа е поделено на:
Хем железо – го има во месо, школки, риба
не-хем железо – го има во житарки и зеленчук
Разликата помеѓу овие два вида железо е во тоа што хем железото е многу полесно и подобро апсорбирано, додека не-хем железото е послабо и потешко се апсорбира.
Еве список со 11 намирници кои се најбогати во овој суштински минерал:
1. Школки


Школки се исклучително вкусна и нутритивно јака намирница. Сите видови на школки имаат многу високо ниво на железо, а особено се издвојуваат остригите и дагњите. До 28. мг железо може да се најде во 100 грама школки, што ја надминува препорачаната дневна количина. Но, содржината на железо во школки може да варира, а некои видови можат да имаат многу помал процент.
Железото што се наоѓа во школките е хем железо, кое човечкото тело го апсорбира полесно и подобро од не-хеме, што го наоѓаме во растителни извори на овој минерал.
Со голема количина железо, школките се добар извор на протеини и витамин Ц, како и одличен извор на витамин Б12. Покрај тоа, школките се богати со хранливи материи кои го зголемуваат нивото на добар HDL холестерол во крвта.

2. Семиња


Повеќето семиња се одлична и вкусна закуска. Покрај тоа, тие се одличен извор на железо. Во 100 грама семиња наоѓаме: 19,9 мг железо кај семките од коноп, 11,2 мг кај семките од тиква, 7,1 мг кај семките од сончоглед и 6,4 мг кај семките на чиа.
Покрај тоа, семето е одличен извор на здрави масти кои придонесуваат за здравјето на кардиоваскуларниот систем, а исто така се богати со витамин К, цинк и манган. Исто така, семките од тиква е меѓу најдобрите извори на магнезиум.

3. Спанаќ


Спанаќот има многу малку калории, а многу придобивки од потрошувачката се должи на опсегот на микронутриенти што ги содржи. Иако со децении се тврди дека спанаќот е најдобриот извор на железо во светот, тоа не е случај. Но, сепак е добар извор на овој минерал: 100. грама свеж спанаќ содржи 3,6 мг железо.
Понатаму, спанаќот е богат со антиоксиданти како што е каротин, кои го намалуваат ризикот од воспалителни процеси, ги штитат очите од заболувања и го намалуваат ризикот од одредени видови на карцином. Бидејќи каротените подобро се апсорбираат во маснотиите, секогаш додајте лажичка маслиново масло во спанаќот, не само заради вкусот, туку и заради ефективноста и апсорпцијата на хранливите материи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ТОЈ ЛУД СВЕТ- ШВАЛЕР ПО ГАЌИ БЕГАЛ ПРЕКУ ТЕРАСАТА! Лутиот маж прво се пресметал со сопругата а потоа сите ги оставил во ШОК!

По интернет кружи урнебесна снимка…Имено, уплашен љубовник бега преку терасата додека „зад петиците“ му е …