(ФОТО) ПОТВРДЕНИ ШУШКАЊА: Бредли Купер во љубов со славната глумица: Овие фотографии „ја уништиле“ Ирина Шајк!

Холивудскиот заводник не ја тргнува насмевката од лицето
Ирина Шајк и Бредли Купер беа еден од омилените парови за јавноста. Сепак, убавата манекенка не можеше да го издржи фактот дека нејзиниот партнер беше поврзан од медиумите со бројни жени. Врската со Лејди Гага, која никогаш не беше потврдена, беше капката која ја прелила чашата. Ирина и Бредли раскинале со договор дека нема да се појават во јавноста со својот нов партнер најмалку шест месеци по раскинувањето. Сепак, новата девојка на Бредли Купер ја скршила Ирина.
Холивудскиот заводник, Бредли Купер е магнет за убави жени, а по раскинувањето со Ирина, јавноста го поврза со Лејди Гага и нејзината колешка Кејти Холмс. Бредли има пријателски односи и со двете, меѓутоа, новите фотографии од папараците откриваат дека познатата холивудска актерка би можела да биде новата девојка на Бредли Купер.


View this post on Instagram

. تصاویری از بردلی کوپر و دخترش لیا در کنار جنیفر گارنر بازیگر مشهور ۴۸ ساله . جنیفر که به تازگی از دوست‌پسرش جان میلر جدا شده، حضورش در کنار بردلی کوپر در سواحل مالیبو شایعاتی را مبنی بر آغاز رابطه این دو بوجود آورده است. . . . . . ____________________________ #bradleycooper #jennifergarner #irinashayk #Celebrity.news_ir #malibu #actress #بردلی_کوپر #جنیفر_گارنر #سلبریتی_نیوز #بازیگر #مالیبو #ایرینا_شایک


A post shared by دنیای سلبریتی ها (@celebrity.news_ir) on

Актерката Џенифер Гарнер пред само неколку дена објави дека ја прекина својата долгогодишна врска со адвокатот Џон Милер. И тогаш дојде целосен шок. Само еден ден по раскинувањето, убавата актерка беше фотографирана на плажа со Бредли Купер, кој не ја тргнувал широката насмевка од лицето.
И покрај тоа што кога го објавила раскинувањето рекила дека и е доста од врски и дека сега дошол периодот кога сака да биде сама, актерката уживала во друштвото на омилениот холивудски актер и неговата ќерка Ли, која ја има од врската со Ирина Шајк. Актерката има и три деца од бракот со Бен Афлек, и тоа Вајолет (14), Серафина Роуз Елизабета (11) и Семуел (8).

Џенифер Гарнер и Бредли Купер се долгогодишни колеги и пријатели, а медиумите секогаш шепотеа дека постои искра меѓу нив што никогаш не умрела. Сега кога и двајцата се слободни, можеби се родила љубов и можеби таа е новата девојка на Бредли Купер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина новинарот Тодор Пендаров – Беше жива енциклопедија

Новинарот и аналитичар Тодор Пендаров вчера по долго боледување почина во Скопје. Причината е Ковид …