Романот „Еретички писма“ на Стефан Марковски објавен на англиски јазик

Романот „Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“ од Стефан Марковски деновиве беше објавен на повеќе платформи за книги на англиски јазик.

Романот е достапен во печатена и електронска форма преку сајтовите на Barnes & Noble, ланец од над 600 книжарници ширум САД, Baker & Taylor, Tolino, Apple Books,Smashwords,француската книжевна платформа Vivlioи други платформи за литература во печатен и дигитален облик, како и библиотеки.

Романот може да се добие во печатен облик во книжарниците на овие платформи или во дигитален формат преку онлајн нарачка, како и преку Амазон, каде беше првично објавен.

Преводот на романот од македонски на англиски јазик е на Марковски, додека лектуратана англиски јазик е дело на Марија Петковска.

Македонското издание на книгата беше објавено во 2018-та од Издавачкиот центар „Три“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Автор на култни филмови – Во 74. година починал познатиот српски режисер Горан Паскаљевиќ

Прославениот српски и југословенски филмски и телевизиски режисер, Горан Паскаљевиќ починал на 74-годишна возраст. Ќе …