(ВИДЕО+ФОТО) ЧУДО ВО БЕЈРУТ – СВЕТИОТ ОЛТАР НА ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ВО БЕЈРУТ ОСТАНАЛ НЕДОПРЕН: Експлозијата направила ХАОС, но снимката на олтарот враќа надеж!

Грчката православна црква Свети Димитрија во Бејрут е оддалечена помалку од еден километар од местото каде што избувнала разорната експлозија и претрпела значителна штета, но на олтарот е забележано вистинско чудо.
Кога свештеникот Јули Насиф отишол да ја провери штетата по екплозијата доживеал вистинско чудо: сè било уништено освен светиот олтар.
Свештеникот ја напуштил црквата со децата 12. минути пред експлозијата.
“Ги оставив децата дома и се вратив да проверам што се случило и колку штета има во црквата. Кога пристигнав, бев шокиран”, рекол тој.

Црквата била уништена, но светиот олтарски простор, заштитен со иконостас, бил скоро недопрен, вклучувајќи го и кандилото со масло кое останало запалено за време на експлозијата.
“Кога влегов во олтарот, бев шокиран. Беше недопрен. Библијата, светилката, сè остана на истото место, моштите на светците, дури ниту стаклото не беше скршено”, опишал свештеникот.

Според зборовите на свештеникот Насиф, во време на криза, луѓето бараат знаци, за светлина во темнината, и тој чувствува дека тоа било знак.
“Чувствував дека тоа ни е порака од Бога, кој ни кажува дека тој ќе биде од наша страна. Ни требаат луѓето да се молат за нас, не само во Бејрут. Ве молам, молете се за нас”, заклучил свештеникот.

Ekran.mk / BBC Photo: Видео принтскрин

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Идеи за уредување: Како малиот стан да изгледа пространо!

Дизајнерката за уредување на ентериери Челзи Браун живее во стан од 48. квадратни метри во …