(Рецепт) Леб без брашно

Потребно е:
145 г. овесни снегулки
135 г. семки од сончоглед
90 г. семки од лен
65 г. семки од тиква
1 лажица лушпи од псилум
1 лажичка сол
1 лажиц јаворов сируп или мед
3 лажици кокосово масло
400 мл. топла вода
Подготовка:сувите состојки ставете ги во еден сад и измешајте. Истопете го кокосовото масло во топлата вода, додајте го јаворовиот сируп и се’ измешајте. Потоа поврзете со сувите состојки. Смесата истурете ја во калап (силиконски) и оставете до наредниот ден. Ако немате силиконски калап смесата наредниот ден ставете ја во соодветен калап, покриен со хартија за печење
Потоа ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 20. минути. Извадете од калапот, префрлете на рамна тава, покриена со хартија и печете уште 45. минути.
Ако лебот го ставите во сад кој херметички се затвора може да трае и’ до пет дена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) 40. дена поради сепса била во кома и го видела „другиот свет“: Исповест на познатата новинарка Маја Жежељ и нејзиниот сопруг

Познатата белградска новинарка и водителка на Дневник на TV N1 Србија паднала во кома поради …