(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) ТРАГЕДИЈА ВО ЧЕШКА, НАСТРАДАЛЕ И ДЕЦА: Пожарот однел 11. животи. Луѓето во очај од прозорците скокале во смрт!

Во пожарот што вчерапопладне зафатил станбена зграда во градот Бохум, на истокот на Чешката Република, загинале 11 лица, од кои три деца, соопшти чешката полиција.
Според првите вести, пожарот избувнал во станот на 11-ти кат од тринаесет-катната зграда, каде загинале три деца и тројца возрасни, додека според пожарникарите, пет станари од катот погоре се обиделе да го избегнат огнот скокајќи од прозорецот.

“Станбената зграда е во сопственост на градот. Според првите информации, не е исклучено некој да го аподметнал пожарот. Тоа е ужасна трагедија, нешто слично никогаш не се случило тука”, изјави заменик-градоначалникот на Бохуммин, Игор Брузла за чешкиот јавен ТВ сервис КТ.

Портпаролот на локалната противпожарна служба, Лукас Поп, за чешките медиуми изјавил дека пожарот избувнал во станот на 11-ти кат и се проширил на катот погоре.
„Во овој момент пожарот е локализиран и ние го ликвидираме. Пожарот е трагичен. Можеме да потврдиме дека некои луѓе скокнале од прозорецот. Во тек е истрага за причината за пожарот“, рекол Поп.


Чешкиот министер за внатрешни работи, Јан Хамачек, објавил дека еден од пожарникарите е сериозно повреден при гаснењето на пожарот.
Пожарот во Бохумин е најтрагичен и со најголем број жртви во Чешка од 1990. година, кога девет бездомници загинале во Прага во 2010 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е спомен на Светиот свештеномаченик Тимотеј, епископ Пруски: Чудотворец и исцелител со чиста душа

Заради големата душевна чистота од Бога доби дар на чудотворство и ги лечеше сите болести …