(ВИДЕО+ФОТО) ИНТИМНА ЦЕРЕМОНИЈА – Случајна минувачка во Њујорк снимила несекојдневна венчавка: Само младенците и матичарот!

Кога случајната минувачка Невона Фридман шетала преку Бруклинскиот мост во Њујорк, не се надевала дека ќе фати романтична сцена што ќе стане хит на социјалните медиуми.
Фридман забележала дека една мистериозната двојка се венчава, а нивниот единствен сведок бил матичарот. Таа ја снимила интимната церемонија токму кога младенците изговориле „Да“, пишува Fox News.
Корисниците на Твитер беа воодушевени од нејзината спонтана фотографија и успеале да ги најдат младенците со помош на социјалната мрежа. Подоцна дознала дека таа е всушност единствената која направила слика од нивната свадба.

„Сфатив дека нема никој, ниту семејство, ниту кумови, ниту еден фотограф. Не можам да замислам да стапам во брак и да не се сними тој момент на камера“, напишала Невона на својот профил.
Фотографијата брзо станала вирална и била споделена повеќе од 9000 пати. Корисниците на социјалните медиуми изјавија дека Невона е на вистинското место во вистинско време.
Набргу по објавувањето, младенците Николина Коваленко и Стефан Понова се јавиле и откриле дека се решиле на свадбена церемонија без гости заради пандемијата.

“Благодарни сме за фотографијата. Тоа покажува љубов и ништо друго и тоа е единствената работа што ни треба”, рекле Николина и Стефан.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ТОЈ ЛУД СВЕТ- ШВАЛЕР ПО ГАЌИ БЕГАЛ ПРЕКУ ТЕРАСАТА! Лутиот маж прво се пресметал со сопругата а потоа сите ги оставил во ШОК!

По интернет кружи урнебесна снимка…Имено, уплашен љубовник бега преку терасата додека „зад петиците“ му е …